Седум години стоеле во библиотеката, сега ќе бидат поделени 1.000 Правописи во сите училишта


Сите основни училишта во Македонија ќе добијат примероци од македонскиот Правопис, откако примероци биле најдени во депото на НУБ ,,Св. Климент Охридски” – Скопје.
 
Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски бил на средба со директорот на библиотеката Јовица Никчевски, на која разговаралее за спроведување на една заедничка акција за дистрибуирање на Правописот на македонскиот јазик во сите училишта.
 
Имено, се работи за 2.600 примероци од второто издание на Правописот на македонскиот јазик, откриени при вршење на попис на капиталните проекти кои се наоѓаат во библиотеката и кои, од засега непознати причини цели седум години се чувале во депо во несоодветни услови.  По извршен увид во архивата и документацијата на Библиотеката, утврдено е дека во 2018 година НУБ „Св. Климент Охридски“ аплицирала и добила проект од областа на заштитата на културното наследство (библиотечна дејност) од национален интерес од Министерството за култура за Правописот на македонскиот јазик.  2600 примероци требало да стигнат до сите јавни установи и институции во Република Македонија, како и до лекторатите и библиотеките надвор од државава, што очигледно не се случило – вели Ѓорѓиевски.
Додава дека ова значајно издание повеќе нема да скапува во магацинските простории и ќе се дистрибуира таму каде што е најпотребно!
НУБ ќе достави 1.000 примероци на ЗЕЛС кои ќе бидат распределени во сите основни училилишта во Македонија, а ќе бидат опфатени и сите 950 на централните и подрачните училишта.