Седум доктори на антиваксерски собир се заразиле со коронавирус
Седум доктори, противници на вакцината, се разболеле откако се собрале претходно овој месец на собир во Флорида, каде што разговарале за алтернативни третмани за Ковид-19.
„Јас сум на ивермектин 16 месеци, мојата сопруга и јас“, им соопшти д-р Брус Борос на присутните на настанот во Светскиот коњички центар во Окала, Флорида, додавајќи: „Никогаш не сум се чувствувал поздрав во мојот живот“.
Според главниот организатор на настанот, д-р Џон Лител, 71-годишниот кардиолог и упорен противник на вакцината Борос се заразил со Ковид-19 два дена подоцна.
Лител, матичен лекар од градот Окала, изјави за „Дејли Бист“ дека уште шест лекари, од 800 до 900 учесници на настанот, исто така се тестирале позитивни или развиле симптоми на Ковид-19 „во рок од неколку дена по конференцијата“.
Лител ја слушна сугестијата дека конференцијата била настан на масовно заразување, но тој го отфрли тоа, велејќи: „Не. „Мислам дека го добија од Њујорк или Мичиген или од каде и да беа“, изјави тој за „Бист“.
Тој исто така рече: „Сите реагираа на третманот со ивермектин досега… Брус е добро“. Имено, како што пренесува „Дејли Бист“, извори блиски на Брус Борос изјавиле дека тој бил тешко болен во својата куќа во Ки Вест.
Ивермектинот е антипаразитски лек кој се користи кај луѓето, но претежно се користи кај добитокот како што се кравите и коњите. Властите велат дека нема докажана употреба против Ковид-19 и може да биде опасно доколку се земе во големи количини. Управата за храна и лекови на САД не го одобри или оспори ивермектин како лек за Ковид и рече дека клиничките испитувања се во тек.
Борос тврдеше дека ивермектинот „работи таму каде што се користи низ целиот свет“ како лек за Ковид. Во истата објава на Фејсбук, тој го осуди доктор Ентони Фаучи, главниот медицински советник на Џо Бајден, како „измамник“.
Управата за храна и лекови на САД вели дека луѓето „никогаш не треба да користат лекови наменети за животни на себе или на други луѓе. Производите од животинскиот ивермектин се многу различни од оние кои се одобрени за луѓето. Употребата на животински ивермектин за превенција или третман на Ковид-19 кај луѓето е опасно