Се запалил автомобил во Куманово – неколку лица пренесени в болница
На 12.04.2026 во 23:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на улицата „Тоде Мендол” во Куманово настанал пожар во паркирано возило „смарт брабус” со швајцарски регистарски ознаки. Неколку лица кои вдишале дим биле пренесени во Ургентен центар-Куманово за укажување на лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово.