Се вакцинираше Бајден, а што е со Трамп?


Идниот американски претседател Џо Бајден прими вакцина против коронавирусот пред телевизиските камери во неговата матична сојузна држава Делавер. Тој ги повика своите сонародници да го сторат истото

Џо Бајден го засука левиот ракав и и рече на медицинската сестра која го држеше шприцот: „Подготвен сум“. По боцнувањето, политичарот апелираше до сите Американци да се вакцинираат веднаш штом ќе им биде достапна вакцина. 78-годишниот политичар повика на доверба во вакцината од страна на неговите  сонародници и рече дека „нема причина за загриженост“.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука