Се урна воен авион во Бугарија – откажан утрешниот аеромитинг


Воен авион марка Л-39 ЗА се урна во соседна Бугарија. Според првичните информации има загинати.

Инцидентот се случил при подготовка на утрешните демонстрации. Министерот за одбрана на Бугарија Атанас Запријанов го откажа аеромитингот во Третата воздушна база.

Во моментов е во тек истрага.

„За жал, не можеме да дадеме многу информации. Групата што го истражува инцидентот сега треба да биде на лице место и да каже што се случило. Инцидентот се случи при подготовка на аеромитингот, преземени се сите мерки“, изјави советничката за медиуми на министерката за одбрана Евелина Бранимирова.