Се урна кат од зграда во Париз, повредени најмалку 20 лица на забава во станот


Париз – Петтиот кат од станбена зграда во 11-тиот арондисман во Париз се урна преку ноќ врз четвртиот кат од истата зграда, додека околу 50 луѓе се собрале на забава во стан чиј кат се урна, при што 20 од нив беа повредени, соопшти противпожарната бригада во француската престолнина.

Уривањето на зградата, кое се случи кога подот од приватен стан на петтиот кат се урна за време на забава, остави едно лице тешко повредено и со срцев удар, а 19 лица со полесни повреди, објави телевизијата BFM. Пожарникарите ги извлекоа сите повредени од урнатините, од кои 16 беа однесени во болница од службите за итни случаи.

Пожарникарите беа известени во 00:20 часот дека петтиот кат од шесткатница, на адреса Амело 34, се урна врз четвртиот кат.

Зградата, заедно со две соседни згради, подоцна беше евакуирана, но жителите на двете соседни згради се вратија во своите станови во текот на ноќта, јавува Танјуг.

Во операцијата учествувале 125 пожарникари и околу четириесет возила.