Се судрија два турски воени хеликоптери – шест загинати, меѓу кои и генерал (видео)


Два турски воени хеликоптери се судрија во воздух, при што загинаа шест воени лица. Еден од хеликоптерите се урнал по судирот, додека другиот безбедно слетал.

Петмина жртви починале на местото на несреќата, додека шестиот почина од повредите  во болница, соопшти Министерството за одбрана. Несреќата се случила во југозападната провинција Испарта за време на редовни летови за обука, изјави гувернерот на регионот Абдула Ерин.

 

Покрената е истрага
Меѓу жртвите е и бригаден генерал кој раководел со школата за воена авијација. Засега не е јасно што го предизвикало контактот меѓу двата хеликоптери. Ерин потврди дека е покрената истрага.

Приватната новинска агенција DHA објави дека хеликоптер UH-1 паднал во поле и се поделил на два дела. Вториот хеликоптер слета на околу 400 метри.