Се самоуби напаѓачот од градинката во Тајланд, меѓу убиените се и неговиот син и сопругата


Најмалку 34 луѓе се убиени откако поранешен полицаец отвори оган во градинка во североисточниот дел на Тајланд.

Тој од утрово беше во бегство, но локални медиуми јавија дека извршил самоубиство. Полицијата соопшти дека меѓу жртвите има и деца и возрасни.

„Напаѓачот пукал и бодел деца и возрасни. Мотивот не е познат“, соопшти полицијата на градот Нонг Буа Лампху.

Локалните медиуми објавија дека напаѓачот лани добил отказ од полиција. Идентификуван е како Пања Хамрап (34), а претходно ги убил сопругата и синот. Извори од полицијата велат дека меѓу убиените се и 23 деца.

Масовни пукања се реткост во Тајланд. Последен голем напад се случи во 2020, кога војник уби 29 луѓе