Се реконструираат пет улици во Општина Петровец
Општина Петровец забрзано продолжува со градежна офанзива во реконструкција и изградба на патната инфраструктура во населените места Петровец, Ржаничино и Ќојлија, информираат од Општината.
Градоначалникот Борче Митевски денеска изврши увид во градежните работи.
-Во моментов се работи на пет улици во овие населени места и тоа два краци на ул. ,,1,, во населено место Ржаничино, крак на ул.12 и крак на ул. ,,6,, во населено место Петровец со вкупна должина од 550 метри како и улица во населено место Ќојлија во должина од 250 метри. Се очекува во краток период истите да бидат асфалтирани – се вели во објавата на градоначалникот на официјалната Фејсбук страница.