Се реконструира родната куќа на Хитлер: Цената на пренамената скокна за 11 милиони евра


 

Обемната пренамена на родната куќа и првиот дом на Адолф Хитлер во градот на австриско-германската граница се очекува да чини речиси двојно повеќе од првично планираното, објави во петокот австриското министерство.

Празната зграда во Браунау ам Ин, родната куќа и првиот дом на Адолф Хитлер, ќе и биде ставена на располагање на австриската полиција.

Специјална комисија предложи архитектонски промени за да биде речиси непрепознатлива и со тоа помалку привлечна за неонацистите кои прават аџилак на локацијата.

Но, цената на градежните работи се искачи на цели 20 милиони евра, 11 милиони повеќе од претходно планираното, соопшти во петокот австриското МВР.

Портпаролот на министерството го објасни ова со „општо зголемување на цената на работите“.

Зградата во која се роди нацистичкиот диктатор и ги помина првите месеци од својот живот е празна откако здружението за лица со интелектуална попреченост се исели во 2011 година.

Австриската влада ја презеде зградата од нејзиниот претходен сопственик по долг спор околу нејзината идна употреба, а многумина се прашуваат како да се справат со митот или дали митот што сè уште се поврзува со Хитлер може да се урне иако се напушти идејата за буквално уривање на куќата.

Завршувањето на работите се очекува во 2025 година.