Се продава домот на Марлон Брандо каде се сликаше со првиот Оскар: Чини само 4 милиони долари


САД– Нео-готската вила во Холивуд Хилс, која некогаш му припаѓала на Марлон Брандо, е на продажба.

Куќата вредна 4,295 милиони долари е изградена во 1926 година и е дизајнирана од славниот архитект А.Ф.Лејхт. Замокот е познат по својата драматична архитектура, сè уште има засводен таван и големи простории каде што Брандо некогаш бил фотографиран со својот прв Оскар во 1955 година.

Кулите на домот даваат неверојатен поглед на зајдисонце, додека многуте прозорци од неговите спални соби гледаат низ градот, давајќи им на жителите поглед од Западен Холивуд до центарот на Лос Анџелес.

При влегувањето во куќата со четири спални соби и со пет бањи, огромни скали водат кон експанзивна неформална дневна соба со драматично огниште.

Другите простории низ имотот од 4.300 квадратни метри вклучуваат ново реновирана кујна, шармантен агол за појадок, трпезарија во која можат да се сместат до 20 лица и библиотека.

Тревестиот двор на задниот дел од куќата располага со уште пошироки погледи на Лос Анџелес и другите резиденции на А-списокот , вклучувајќи ја и резиденцијата на славниот архитект Френк Лојд Рајт. (Пипл)