„Се предозирал од фентанил“. Откриена причината за смртта на 19-годишниот внук на Роберт де Ниро


Лос Анџелес- Најстарата ќерка на познатиот актер, Дрина де Ниро, откри која била официјалната причина за смртта на нејзиниот син.

Како што тврди, 19-годишниот Леандро починал откако се предозирал со фентанил, пренесуваат светските медиуми.

„Некој му продал апчиња во кои имало фентанил и знаеле дека е таму, но сепак му го продале“, напишала Дрена во коментарот под објавата барајќи приватност во време на тага.

Тажната вест за смртта на синот ја објави на Инстаграм каде со емотивна порака се прости од него.

-Мојот прекрасен, сладок ангел. Те сакав повеќе од сè од моментот кога те почувствував во мојот стомак. Ти беше мојата радост, моето срце и се што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам да бев со тебе во моментов. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ја ширам љубовта и светлината што ме натера да ги чувствувам кога станав твоја мајка. Беше толку сакан и посакувам таа љубов да можеше да те спаси. Многу ми е жал, напиша таа покрај фотографијата од нејзиниот син.

Де Ниро проговори по тешката семејна трагедија и ги замоли сите да му дадат приватност на семејството во овие тешки моменти и истакна дека е многу вознемирен поради се.

-Длабоко сум тажен поради смртта на мојот сакан внук Лео. Многу сме благодарни за сочувството што го добиваме од сите вас. Бараме да ни се даде приватност за да можеме на мир да жалиме за загубата на нашиот Лео, рече Де Ниро.