Се подготвува транспорт на најтешко повредените во странство

Се прават подготовки да се транспортираат најтешко повредените лица во пожарот во Кочани во врвни болници од оваа област во неколку европски држави, стигнаа понуди за помош од повеќе држави, рече директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
„Во овој момент има доволно крв и нема потреба од дополнителни крводарителски акции за повредените во страотната несреќа во Кочани. Воедно ги имаме сите неопходни материјални средства и немаме потреба од било какви донации“, кажа Ангелов.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 51 лице, 152 се в болница, од кои 18 се во критична состојба. Загинатите се на возраст од 14 до 25 години, од Скопје, Штип, Кочани, Пробиштип, кажа денеска директорката на Болницата во Кочани, д-р Кристина Серафимовска.