Се наближува меѓународниот ден на пивото


Меѓународниот ден на пивото е секогаш првиот петок во август, кој оваа година се паѓа на 4 август.

Првично започнат во Соединетите Американски Држави, поточно во Санта Круз, Калифорнија, Денот на пивото има за цел да се слави производството на пиво. Исто така, намерата му е да  да покаже благодарност за оние кои се вклучени во правењето пиво.

Прославувањето на пивото почна во 2007 гопдина, страна на Џеси Авшаломов во бар во Санта Круз, Калифорнија и оттогаш стана вистински  меѓународен, затоа што  народот ширум светот  ја прифати оваа иницијатива и одлучи да слави ден на пивото.

Правилата на прослава на овој ден велат дека учесниците треба да си дадат еден на друг „подарок пиво“ купувајќи едни на други пијалоци и да изразат благодарност до пиварите, шанкерите и другите техничари за пиво.

Но, вие може да го прославите како сакате – да си купите пиво за себе, да го поделите со семејството или другарите. Битно е да го испиете! На здравје!