Се испитува обвинување за земање мито во ДБКИ


Фото: Б. Грданоски

Стојан Славески, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) е повикан во ОЈО Скопје како лице кое треба да даде потребни известувања во врска со наводи од поднесена кривична пријава. Конкретно кривично дело нема, бидејќи се работи на овој предмет и наводите се проверуваат. По ова ќе се одлучува што понатаму ќе презема обвинителот.

Ова е одговорот на Основното јавно обвинителство Скопје  за нивната покана до Славески „заради прибирање потребни известувања“.Поканата на својот фејсбук-профил ја објави Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој вели дека предистрагата или истрагата се води за примање мито за издавање безбедносен сертификат на лица за работа во Брисел. Славески, исто така преку фејсбук, се заканува со тужба за клевета против Ковачки.

Драган Ковачки се повикува на анонимни извори дека против директорот на ДБКИ имало покренато обвинение за земање пари (мито) за испраќање на луѓе на дипломатска мисија во Брисел, како и за земање мито за издавање на безбедносни сертификати.  Се работи за поднесена кривична пријава од поединец за сомневања за наместен конкурс.