СДСМ: Уште колку докази се потребни дека Мицкоски не сака во ЕУ?
Се уште не е формирана новата влада во Бугарија, а Христијан Мицкоски веќе најавува влошување на односите, а министарот Тимчо Муцунски изјавува дека „нема услови за уставни измени“ – стои во реакцијата на СДСМ по денешната прес конференција на министерот кој ја недојдена влада во Софија почнува да и ја „затвора“ вратата за дијалог, тврдејќи истовремено дека не ние, туку Софија бега од него.
-Истата таа влада која пред неколку дена најавуваше дека до јуни ќе ги исполни сите 8 преостанати точки од реформската агенда, сега преку Министерството за надворешни работи порачува дека „нема услови“ за уставни измени, што е клучниот услов за напредок во преговорите со ЕУ.
Историската Комисија работи цело време, Мицкоски молчи и лаже.Минатата година, во јули 2025, бугарскиот претседател Румен Радев, сега идниот премиер на Бугарија, рече дека Македонија сама себе си го блокира патот кон ЕУ. Имавме и деманти од бугарското Министерство за надворешни работи дека македонскиот јазик е внатрешно прашање и не е тема на билатералните односи. Ова не е случајна контрадикторност. Ова е намерна блокада на европскиот пат на Македонија.
Мицкоски свесно создава конфликт со Бугарија за да има готов изговор зошто процесот стои на место. Наместо да ги исполнува реформите и да ја отвори вратата кон Европа, тој претпочита да ја чува криминална група ВМРО од контрола, од независно судство и од европски надзор врз тендерите и парите. Граѓаните јасно гледаат: кога нема решение за економијата, кога нема реформи, кога нема пари во буџетот за тендери – Мицкоски единствено што знае е да создава тензии, конфликти и да ја обвинува опозицијата.
СДСМ останува цврсто на ставот дека единствениот пат за Македонија е Европската Унија. Нема алтернатива. Владата на Мицкоски нема волја за реформи.СДСМ, кога го решаваше прашањето за членство во НАТО, го направи тоа најбрзо можно и така нашата земја стана членка во еден од најбрзите постапки во однос на останатите членки. Мицкоски покажува дека волја за реформи нема. Има само волја да ја задржи контролата врз државата и да ја заштити криминалната мрежа“, стои во реакцијата на СДСМ.