СДСМ: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба имал затворска казна


 
Бобан Стефковски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Гази Баба е осудено лице и бивш затвореник. Во 2002 година Стефковски е осуден на казна затвор од три месеци поради сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци“, односно продажба на дрога.
 
Тоа што Стефковски пред десет дена извадил уверение и покрај тоа што ова народски се вика уверение за неосудуваност, всушност е уверение дека во моментот на издавање на уверението против лицето не се води кривична постапка, што не значи дека порано не бил осудуван. 
 
Неговата казна според Кривичниот законик, како и за сите осудени лице, по законски определен период се брише, но повторно, ова не значи дека во 2002 година година не бил правосилно осуден за сторено кривично дело  „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци“.
 
Ова е уште еден доказ во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата криминално режимска матрица од времето на Никола Груевски, стои во реакцијата на СДСМ.