Саудиски милијардер ја купи резиденцијата на Оназис во Лондон за 24 милиони долари


Англија- Саудиски милијардер ја купи резиденцијата на Оназис на плоштадот „Гросвор“ на Мејфер, во договор вреден 18,6 милиони фунти (24,3 милиони американски долари).

Познатата куќа, која имаше почетна цена од 25 милиони фунти, беше купена за ќеркичката на милијардерот и според  агенцијата за недвижнини  ова е највисока цена за купена куќа во елитната лондонска населба.

-Богатите но анонимни купувачи сакаат куќи на славни претходници а името на Оназис секогаш котира највисоко меѓу недвижностите во светот, велат експертите на полето на недвижнини.

Во 1960-тите и 1970-тите, резиденцијата на Оназис се користеше како лондонско живеалиште на  Артемис Оназис, сестра на Аристотел Оназис, Кристина Оназис, ќерка на Аристотел, Џеки Кенеди Оназис и принцеза Ли Радзивил (сестрата на Џеки).

Внуката Атина од ќерката Кристина е наследник на богатството на грчкиот бродосопственик Оназис. Атина која лани се разведе, претходно го продаде и островот Скорпиос на руски милионер каде се закопани членови  на семејството Оназис.

Резиденцијата во Лондон е во нео-џорџијански стил и е изградена во 1938-1939 година. Првиот сопственик бил сер Џон Андерсон, првиот Виконт на Вајверли (1882-1958), претседател на Кралската оперска куќа и покровител на примадоната Марија Калас (1923-1977), љубовница на Оназис.

Станот на амбасадорскиот кат обезбедува над 5.000 квадратни метри простор за живеење. Исто така, има повеќе од 60 метри балкон и на југ  тераса.

Aтина Оназис

Има три соседни простории за прием, во вкупна должина од над 60 метри, сите свртени кон плоштадот. Откако ќе се обнови, може да вреди до 30 милиони фунти.