Саудиска Арабија погуби шест ирански државјани поради шверц на дрога


Саудиска Арабија денеска соопшти дека погубила шест Иранци осудени на смрт за шверц на дрога, а во изминатата година, според официјални податоци, во таа земја биле егзекутирани рекордни 338 лица.

Шест Иранци биле егзекутирани во Дамам, на истокот на Саудиска Арабија, поради „тајно внесување хашиш“ во земјата, соопшти саудиското Министерство за внатрешни работи, без да го прецизира датумот на егзекуцијата.

Според податоците, во 2024 година, 117 лица, меѓу кои 85 странски државјани, биле егзекутирани поради трговија со дрога во Саудиска Арабија.