„Sattwa“ негува и инспирира: Како македонската помада спои 4 женски приказни и ја предизвика јавноста?


Девет години по легендарната кампања со Надица Георгиева, Билјана Дебарлиева, Ирена Спировска и Наташа Петровиќ, успешната приказна на „Sattwa“ од јавната сцена во 2012 година, оваа 2021 година се сели во деловниот свет на компанијата „Алкалоид“ во која над 60 отсто од вработените се жени

 

Л.Сабит

Самоуверена, достоинствена и еднаква. Таква е во светот на козметиката  кремата за лице  „Sattwa“ за сите возрасти на жени , со различен тип на кожа и жената во светот на мажите  што ја користи дење и ноќе, што учествува во нејзиното создавање или споделува успешна приказна  на приватен и на професионален план. Како што 8 март не е само цвеќе и внимание, ниту алиби да ве почестат со ручек или вечера.

Класикот меѓу македонската козметика -„Sattwa“ е синоним на успешност уште од крајот на 80-тите што се пренесува и раскажува од мајка на ќерка, па на внука, на пријателки, најженски рецепт што се приготвува во фармацевстката „кујна“ на Алкалоид на што се особено горди. Приказна која ве навраќа во убавото минато на безгрижно детство и младост, која ја живее сегашноста, а веќе ја има обезбедено и иднината. Во наше време, да мирисаш на парфемот „Sattwa“ беше како „да доаѓа убавината, од рекламата на  „Чарли“ на Ревлон“ , или да учествуваш во реклама на „Sattwa“  значи многу си популарна.

Ја има моќта да подмладува со помош на матичните клетки и на колагенот,да регенерира, да стимулира како витамински сок или сок богат со витамин Ц, да прочистува со помош на овошните киселини, да ги измазнува брчките, да хидратизира… Единаесет магични рецепти за негувана кожа на млада девојка или зрела жена , надополнета со млеко и тоник за лице, балсам против целутит  во кој жените се колнат дека навистина е делотворна, крем за обликување и затегнување на телото, и влажни марамчиња за отстранување на шминката.

Девет години по легендарната кампања со Надица Георгиева, Билјана Дебарлиева, Ирена Спировска и Наташа Петровиќ, успешната приказна на „Sattwa“ од јавната сцена во 2012 година, оваа 2021 година се сели во деловниот свет на компанијата „Алкалоид“ во која над 60 отсто од вработените се жени.

Својата професионална, но и лична приказна ја споделуваат четири припаднички на понежниот пол од различни сектори во компанијата. Сите тие носат сако и панталони, ама стилот им е различен.Тие повикаа свои колешки и пријателки да споделат сопствени искуства од начинот на кој се соочуваат со предизвиците и се справуваат со рушењето предрасуди и комплексности од своето секојдневие. Секоја од овие жени е самоуверена, достоинствена, повеќе од еднаква!

Како на вистинска фотосесија за нивниот изглед се погрижи врвен тим на машки професионалци: мејк- ап артистот Дадар, фризерот Октај Сејди,  фотографот Дарко Мораитов. Женска е брендираната облека како Макс Мара, Пениблек, Марела….и италијанскиот накит Ребека.

САМО СО ВИСОКИ КРИТЕРИУМИ КОН НОВИ, ПОВИСОКИ ДОСТИГНУВАЊА

Maja Stefkova

Маја Стефкова

Менаџер за истражување, развој и регистрации во сегментот Билкарство

Уште за време на студиите на Фармацевтскиот факултет, моја најголема желба беше да работам во „Алкалоид“. Така и се случи. Умешноста на селектирање и на креирање нови формулации за брендот Good Nature се дел од моето секојдневие, во кое несебично ги вложив своето знаење, искуство и експертиза. Креативноста и размената на идеи во компанија во која над 60 % од вработените се жени се катализатор на продуктивноста и на иновативноста во процесите.Поставените високи критериуми ме водеа напред кон нови, повисоки достигнувања. Во сите мои деловни потфати моја најголема поддршка е моето семејство.

СЕКОЈ ДЕН Е НОВ ПРЕДИЗВИК, А МОЈАТА ЦЕЛ Е ДА НАПРАВАМ ПОЗИТИВНА РАЗЛИКА

Teodora Jolakoska

Теодора Јолакоска

Референт за бизнис-планирање, контрола и известување

На работното место секое утро доаѓам со позитивен став и со огромна желба да научам некоја нова вештина или да совладам нов предизвик. Во динамичното работно опкружување учам од искуството на другите, а како рамноправен член на тимот секогаш се трудам со својот придонес да направам позитивна разлика.Жената во бизнис-заедницата повеќе не е тема која предизвикува сомнежи. Жената во бизнис-заедницата покажа знаење и достоинство храбро да се соочи со предизвикот на рушење предрасуди.

ФОКУС, ДИСЦИПЛИНА, ПОСВЕТЕНОСТ И УПОРНОСТ

Maja Lazarova

Маја Лазарова

Раководител на Одделот за пакување лекови во ПЦ Фармација

Прецизноста, концентрацијата и дисциплината се главните одлики на мојот работен ден. За мојата работа потребен е максимален фокус и цврста желба за приспособување на динамичното секојдневие. Научив дека пред секој предизвик мора да застанам одлучно, а посветеноста и упорноста се максимите кои ме водат напред. Успеав да ги сплотам големината на својата улога во семејството и одговорноста во средината во која работам. Големината на својата мисла и на сопствениот глас во целина која ме прави повеќе од еднаква!

ОДГОВОРНА, САМОУВЕРЕНА И ПОВЕЌЕ ОД ЕДНАКВА!

Sandra  Comovska

д-р Сандра Чомовска-Мадевска

Раководител на Одделот за глобална фармаковигиланца

Комплексната проблематика на мојот делокруг на работење бара следење на најновите достигнувања во медицината и нивна примена во развојот на производното портфолио на „Алкалоид“. Излегувањето од зоната на комфорот и соочувањето со ситуациите во кои треба да застанам исправено, да поместам граници и да покажам став се дел од моето секојдневие.Вербата во себе, вложувањето во сопствениот напредок, истрајноста, посветеноста и можноста деловно да се надоградувам во средина во која се ценат моите способности му даваат тежина на секој епитет кој го носи жената денес, не само како колега туку и како мајка, сопруга, ќерка, пријателка…