Сара Џесика Паркер носи нова хит чанта што ја сака и Меган Маркл
Њујорк– Актерката Сара Џесика Паркер одамна е позната по својата завидна колекција чанти, а најновиот модел што го носеше ги привлече сите погледи. Станува збор за моделот „Нина“ на дизајнерката Габриела Херст, кој го носеше на изложбата по повод 25-годишнината од серијата „Сексот и градот“ на Менхетен.
Чантата со златни, црни и бели риги е претставена во колекцијата пролет/лето 2023 година, а е изработена во многу ограничена серија. Чантата е инспирирана од старогрчката поетеса Сафо, а одлично се вклопуваше со црно-белиот ленен фустан и мокасините на Мери Џејн.
Чантата, именувана по пејачката и активистка Нина Симон, ја сакаа многу познати дами откако првпат се појави на пазарот во 2016 година, вклучувајќи ги Меган Маркл, Анџелина Џоли и Амал Клуни.
Дизајнерката Габриел Херст одамна го поддржува слоу фешн движењето и често ја вградува одржливоста во нејзините креации, па затоа не е изненадување што овој модел е толку популарен меѓу оние кои бараат нов, еколошки посвесен тип на луксуз. Бидејќи Кери Бредшо често носи винтиџ парчиња и преработува облека, овој модел лесно може да се најде и во нејзината гардероба.