Само во првиот ден Бајден потпиша 15 извршни наредби со кои поништи политики на Трамп


Американскиот претседател Џо Бајден потпиша 15 извршни наредби непосредно откако положи заклетва во средата, откажувајќи ги политиките воведени од неговиот претходник републиканецот, Доналд Трамп и ги направи своите први потези за пандемијата и климатските промени. Потпишувајќи неколку акции пред новинарите во Овалната канцеларија во средата попладне, Бајден рече дека „нема време за губење“ при издавањето на извршните наредби, меморандумите и директивите.

„Некои од извршните активности што ќе ги потпишам денес ќе помогнат да се промени текот на кризата со ковид, ние ќе се бориме против климатските промени на начин што досега го немавме направено и ќе ги унапредиме расните рамноправности и ќе ги поддржиме другите недоволно задоволени заедници“, рече Бајден. „Овие се само почетни точки“

Помошниците изјавија дека дејствијата што ги потпиша демократскиот претседател вклучува задолжително носење маски во наредните 100 дена на федералниот имот и за федералните вработени, наредба за формирање нова канцеларија во Белата куќа за координирање на одговорот на коронавирусот и запирање на процесот за повлекување од Светската здравствена организација.

Бајден потпиша документ за започнување на процесот за повторно влегување во договор за климата во Париз, но и одземање на претседателската дозвола дадена за спорниот нафтовод „Кистон“.

Меѓу налозите што се однесуваат на имиграцијата, Бајден ја укина декларацијата за итни случаи на Трамп, која помогна да се финансира изградбата на граничен ѕид и се стави крај на забраната за патување во некои мнозински муслимански земји

Ова е само почеток на серија извршни активности што Бајден ќе ги преземе наскоро по влегувањето во канцеларијата, рече неговиот секретар за печатот, Џен Псаки.