Само 4 деца Роми пријавени за субвенционирана градинка во Куманово
Само четири деца од ромска националност во 2025 година биле пријавени за користење на мерката за ослободување од плаќање партиципација за градинка, информираа надлежните на седница на Советот на Општина Куманово, во рамки на разгледувањето на програмата за социјална заштита. Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, побара појаснување од надлежните служби зошто мерката е слабо искористена, иако за неа се обезбедени средства во општинскиот буџет.
– Можеби треба да отвориме тема за тоа колку од предвидените средства реално се користат. Имаме издвоени средства за инклузија на деца Роми во предучилишно образование, но тие не се реализираат- изјави Ѓорѓиевска.
Од секторот за социјална заштита посочија дека интересот за користење на мерката е низок и дека причините се повеќеслојни.
– Само четири деца Роми се пријавени за оваа мерка, што е навистина мала бројка. Од информациите од терен, дел од семејствата не ги исполнуваат условите или немаат комплетна документација, а кај дел постои и незаинтересираност- објасни Катерина Пешиќ Бошковска од секторот за образование.
Воедно беше посочено дека мерката постои со години и редовно се предвидува во програмите, но нејзината реализација останува ограничена. Како дел од активностите, бил склучен и трипартитен договор меѓу општината, Министерството и градинката „Ангел Шајче“, но и покрај тоа, опфатот на деца останува низок.
Мерката за ослободување од партиципација за деца од ранливи категории, вклучително и деца од еднородителски семејства и деца Роми, е само една од седумте мерки субвенционирани од општината за помош на ранливите категории граѓани во текот на 2025 година за субвенционирање на трошоци на комунални услуги во вредност од 1.300 денари за секој корисник биле одвоени седум милиони денари од општинскиот буџет за обезбедување на помош за домување на материјал станбено необезбедени лица. Вкупно биле издвоени 550 илјади денари за еднократна парична помош биле предвидени 1,5 милиони денари за народна кујна, шест милиони денари мерката ја користеле столица и сите средства биле искористени за повластено користење на паркинг услуги за лица со здравствени дијагнози биле одобрени три милиони денари, а средства од буџетот биле предвидени и за лични образовни асистенти.