Салма Хајек за опсесијата да се слика во бикини: Сѐ уште имам успешна кариера
САД– Во последното интервју, говорејќи за својата кариера, Салма Хајек се пофали дека ги победила предвидувањата дека нејзината возраст и националност ќе „ја пезионираат“ предвреме како глумица.
– Ми велеа дека мојата кариера „ќе умре“ во средината на 30-тите години од мојот живот. Тоа ќе било, пред сѐ поради тоа што сум Мексиканка и никако нема да успеам, затоа што тоа време било такво, па новите генерации – демек, било невозможно Мексиканка да има водечка улога во Холивуд, раскажува Хајек.

Таа во овој миг е среде шестата деценија од животот и има ангажмани во неколку филмови. Моментно е актуелна со новата љубовна драма „Благослов“ (Bliss) со Овен Вилсон во другата главна улога. На социјалните мрежи пак постојано споделува селфиња од егзотични дестинации во бикини, особено сега кога бајаги ослабна.
– И, се чинеше дека тоа не е реално – посебно поради оваа чудна нова нормалност и реалност. Но, и времето е друго. Среќна сум што триумфирав во предизвикувачка индустрија, додава таа.
Хајек натаму говори и за уцените и заканите од осудениот сексуален напасник, продуцентот Харви Вајнстин, па за својот среќен брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пино, нивната 13-годишна ќерка Валентина итн.
Таа лани глумеше во „Слободни патишта“ и „Како шефица“. Следните филмови каде што ќе глуми, се – „Вечните“ и „Телохранителот на сопругата на професионалниот убиец“, закажани за оваа, 2021 година.