„Сакав да изгледам како Бибер и Мендес“: Ед Ширан проговори за булимијата


САД– Британскиот музичар и текстописец, четирикратниот добитник на Греми наградата,  Ед Ширан, се отвори за својата борба со вишокот килограми во големото интервју за списанието Ролингстоун, откривајќи како развил пореметување во исхраната затоа што се споредил себеси со други машки ѕвезди. Тој раскажа како честопати се прејадувал, а потоа повраќал и како многу го оптоварувал својот изглед.

„Јас сум доста самосвесен, но влегов во индустрија каде што ме споредуваат со другите. Тоа беше за време на „бранот“ на One Direction и се запрашав: „Зошто немам стомачни? Зашто сакам ќебапи и пиво? Тогаш правев песни со Џастин Бибер и Шон Мендес. Сите тие момци имаат фантастични тела и се прашував зошто сум толку дебел“, рече Ширан, додавајќи дека работите се промениле откако тој и сопругата Чери Сиборн станале родители на  ќерката Лира и на синот на Јупитер.

„Имам проблем со јадењето, многу сум неумерен. Но, сега сум неумерен во вежбањето и татковството. И во  работата, очигледно“, се пошегува Ед. Тој ја спореди својата борба со колегата Елтон Џон, кој откри дека има булимија. Читајќи ја својата автобиографија, Ширан нашол многу сличности.

„Елтон одеше „само на сладолед“, а потоа јадеше четири десерти и повраќаше. Така направив и јас“, беше искрен музичарот. Тој првпат проговори за својата „подвижна личност“ во 2020 година, кога откри дека често претерувал со алкохол и нездрава храна. Сепак, благодарение на сопругата Чери, тој успеа да го промени начинот на живот и почна да носи здрави одлуки.