Сахара под вода – формирано огромно езеро (фото/видео)

Сателитски снимки на НАСА покажуваат дека езерото Ирики, кое е суво 50 години, се полни со вода


Дводневните врнежи од септември во неколку области на регионот Сахара во југоисточниот дел на Мароко ги надминаа годишните просеци и предизвикаа поплави, објавија властите на тамошната метеоролошка агенција.


Тагунит, село на околу 450 километри јужно од главниот град Рабат, забележа повеќе од 100 мм (3,9 инчи) врнежи за 24 часа, објави Гардијан.


Сателитски снимки на НАСА покажуваат дека езерото Ирики, кое е суво 50 години, се полни со вода.

– Поминаа меѓу 30 и 50 години откако имавме толкав дожд за толку краток временски период – изјави за АП Хусине Џуабеб, претставник на мароканската метеоролошка агенција.