САД: Москва може да апси Американци во Русија
САД– Москва може да приведува американски граѓани во Русија, соопшти Стејт департментот, предупредувајќи ги Американците да не патуваат во таа земја.
Во препораката за патување се наведува и дека предупредувањето е поради „неиспровоцираната и неоправдана инвазија врз Украина од страна на руските воени сили“, како и поради можноста руските власти да ги вознемируваат американските граѓани.
Американците кои се наоѓаат моментално во Русија, повторно беа повикани да ја напуштат земјата „веднаш“.