Руте идната недела ќе ги посети Анкара и Атина


Анкара – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте се очекува на 25 ноември да ја посети Анкара, а на 26 ноември Атина.

Руте во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан и министерот за одбрана Јашар Ѓулер. Тој ќе разговара и со претставници на турската одбранбена индустрија, ќе ги посети капацитетите на турската воздухопловна компанија „ТУСАШ“ и ќе положи венец на мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк во Аниткабир во Анкара.

На 26 ноември Руте ќе ја посети Атина, каде ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис и министерот за одбрана Никос Дендиас, според соопштение од НАТО.