Русковска не ја потврдува, но не ја ни негира автентичноста на снимката


 

 

„Нема шанса некој да биде „заборавен“ во притвор, затоа постојат заштитни механизми. Ако сум рекла „заборавен“, тоа е фигуративно кажано“, изјавила  Русковска за ТВ Алсат.

Инаку, снимката која циркулира на социјалните мрежи беше објавена вчеравечер на твитер профилот „Правда за сите во Македонија“, а автентичноста засега не е потврдена. Разговорот трае повеќе од една минута, а гласот на соговорникот е обработен.

„Не знам дали е автентична. Мислам дека е дел од снимките кои Јордан Камчев ги достави за предметот „Рекет“. Најдобро е Камчев да го прашате за автентичноста. Не знам кој е објавувачот“, додала  Русковска.

Претходно, бизнисменот Орце Камчев до Обвинителството поднесе тајно снимани разговори кои го поткрепија обвинението на Русковска во случајот „Рекет“, по што зад решетки завршија Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец. Камчев пак, од почетокот на месецов е во затворот во Струга, каде ја одлежува едногодишната затворска казна за случајот „Плацеви на Водно“.

Снимката ја прокоментира поранешната пратеничка Фросина Ременски,, која оцени дека  Русковска од позиција на моќ за прогон, свесно и немарно ги прекршила правата на лице кое, како што пишува Ременски, по нејзин селективен критериум било одбрано да добие притвор.

Поранешната пратеничка ги повика да реагираат првиот човек на Обвинителство, Љубомир Јовески, како и Советот на јавните обвинители.

„Секое свесно и намерно прекршување на законските и етичките правила од страна на обвинител во било која фаза од кривичната постапка што ја води е недозволена и казнива и претставува основ за разрешување на јавен обвинител“, пишува Ременски. Во подолгиот текст таа ја нарече Рускоска „прохибицискиот Елиот Нес“ и ја обвини дека на каубојскиот начин го  применува обвинителско право и со тенденциозност.