Руските власти случајно објавија адреси на разузнувачки и воени објекти
Руските власти случајно ги открија адресите на тајните воени згради, институции и шпионски домови во Москва и во Санкт Петерсбург.
Центарот за досиеја, проект што го започна рускиот опозиционер Михаил Ходорковски, ги најде адресите наведени во документот на 434 страници со наслов „Специјална група“, кој беше објавен на веб-страницата на градското собрание на Москва. Во документот се наведени имотите каде што не смее да има „нема затемнување“. Списокот вклучува голем број строго тајни владини објекти, домови на офицерите на ГРУ (Главниот директорат на Генералштабот на вооружените сили на Русија) и тајната служба на претседателот Владимир Путин, складишта за муниција и друго.Списокот, исто така, вклучува детали за два стана поврзани со Руската служба за надворешно разузнавање, кои или се населени со вработени во одделот или се користат за спроведување специјални операции.
Од Центарот за досиеја велат дека ваквите детали според законот се сметаат за државна тајна.
Најголема концентрација на такви објекти и згради има во Серебријани Бор, голема паркова област во северозападна Москва. Тоа е заштитено природно подрачје во московската област Хорошево-Мневники, според истражниот проект, според кој истакнати и богати Руси, вклучително и поглаварот на рускката православна црква патријархот Кирил, поседуваат куќи таму.
Центарот за досиеја рече дека иако не е тајна дека агенциите за спроведување на законот поседуваат имот во овие области, документот од 434 страници посочува кои згради во паркот се поврзани со разузнавањето или контраразузнавањето.Една мала зграда на авенијата Ленинградски, во Москва, за која се шпекулираше дека е окупирана од разузнавачи е наведена под воената единица 28178 во документот, што значи дека е поврзана со Руската служба за надворешно разузнавање. Списокот ја вклучува и локацијата на складиште за муниција во Ленинградската област.
Независниот руски медиум Медуза објави дека документот во моментов е недостапен.