Руските власти планираат да развијат „лајт“ верзија на вакцината за Ковид-19


 

Русија објави дека ја разгледува можноста за развој на „полесна“ верзија од својата вакцина спутник V против корона вирусот, за да овозможи привремено решение за најпогодените земји од пандемијата.

Рускиот сиверен фонд кој го финансираше развојот на спутник V одобрен минатото лето, сега финансира клинички испитувања на спутник лајт, соопшти генералниот дирекотр Кирил Дмитриев.

Ако спутник V, е 90 отсто ефикасен, со две дози, за спутник лајт потребна ќе биде една доза, а ефикасноста ќе биде до 85 отсто.

Таа вакцина може да биде привремено решение за неколку земји кои го достигнаа врвот на пандемијата и се обидуваат да спасат што повеќе животи.

За рускиот пазар, спутник V во две дози останува главна вакцина, а кампањата за вакцинирање почна во декември.