Руските сили ги ракетирале украинските разузнавачки служби во Киев


Руските оружени сили, со „прецизно оружје“ ги погодиле објектите на Украинската служба за безбедност и 72-от Центар за информациско-психолошки операции во Киев, соопшти денеска порпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

„За да се спречат информатички напади врз Русија, гаѓани се технолошките објекти на Украинската служба за безбедност и 72. Центар за информациско-плихолошки операции во Киев“, рече тој.

Според Конашенков, исто така е онеспособена и киевската телевизиска кула, без притоа да да биде оштетен ниту еден станбен објект. Во нападот  имаше повеќе мртви.

Руското Министерство за одбрана предупреди однапред за овие напади, повикувајќи ги  Украинците и граѓаните на Киев да ги напуштат домовите. 

Руските трупи се обидуваат да упаднат во две нуклеарни централи во јужна Украина во моментов, според заменик министерот за внатрешни работи на Украина. Постојат стравувања од потенцијална катастрофа доколку успеат. Украина има четири нуклеарни централи покрај Чернобил.

Украинските медиуми исто така јавуваат дека километарскиот конвој со воени возила кој оди во правец на Киев сега поминува кај Белгород и ќе му требаат осум часа да стигне до главниот град на Украина, каде што веќе се подготвуваат за масивен напад. Сликата подолу е од влезот во Киев, каде што се гледаат уништени руски воени возила. 

Досегашните обиди на руските сили да влезат во градот не дадоа резултат така што притисокото досега беше на Харков, кој  и вчера претрпе масовни удари и разурнувања. Медиумите од Украина јавија дека руска ракета погодила универзитетска зграда , по тешките ноќни борби.Ракетата го погодила економскиот факултет на градскиот универзитет, кој е преку патот од седиштето на полицијата, според видеото од очевидци на кое се гледаат горните катови на зградата изгорени и запалени.

Харков, вториот по големина град во Украина, се наоѓа блиску до руската граница и е под силно и постојано бомбардирање, при што мета се цивилни области. Крстосувачки проектил го погоди регионалниот административен штаб. Имаше масовно гранатирање на станбени области во текот на ноќта и извештаи за огромна експлозија во воена академија.Регионалниот административен началник Олег Синегубов на Фејсбук објави дека во последните 24 часа во Харков загинале 21 лице, а 112 се повредени.