Рускиот олигарх Петр Авен рони крокодилски солзи, мисли дека не ќе може да се врати во Лондон

Авен (кој вреди 5,4 милијарди евра) се жали дека сега не може да си дозволи да има чистачка и возач, дека не знае како да преживее со неговото семејство поради санкциите


Петр Авен и Владимир Путин снимени во 2010

 

Руски олигарх кој беше исфрлен од Велика Британија се жали дека дека можеби веќе не ќе може да има чистачката или возачот – во исто време додека илјадници Украинци умираат во војната предизвикана од неговата сопствена држава.

Петр Авен, кој наводно е близок пријател со Владимир Путин, рече дека тој и неговото семејство „не разбираат како да преживеат сами“.

Бизнисменот милијардер (67), кој живее во Сент Џејмс, централен Лондон, се плаши дека никогаш нема да му биде дозволено да се врати во Британија по тешките санкции од Западот.

На Авен му беа замрзнати банкарската сметка и имотот низ Велика Британија и Европа откако Русија брутално ја нападна Украина минатиот месец.

Тој беше сликан со Владимир Путин во Кремљ во Москва на денот кога војниците преминаа во спорниот регион Донбас.

Поранешниот академик и политичар – вреден околу 5,4 милијарди eвра – сега сака да ги оспори санкциите изречени против него.

Тоа се случува кога руските бомби продолжија да ги десеткуваат украинските градови низ целата земја во петокот.

Во интервјуто за „Фајненшел тајмс“ од неговиот простран стан во Лондон, Авен рече: „Нашиот бизнис е целосно уништен. Сè што градевме 30 години сега е целосно уништено. И мораме некако да започнеме нов живот.’

„Дали ќе можам да си дозволам да имам чистачка или возач? Јас не возам кола…можеби ќе вози мојата поќерка. Не разбираме како да преживееме“.

Раскошната вила на Петр Авен во Британија, каде има ги голема колекција на уметнички дела

Неговата сопруга поминала денови во обиколка на банкомати во Лондон, вадејќи пари бидејќи биле санкционирани други олигарси.

ЕУ прва воведе рестрикции за Авен, по што брзо следеше ОК, со замрзнати неговите банкарски сметки и средства.

Тој беше обвинет дека бил еден од пријателите на Путин како директор на руската Алфа банка.

Канцеларијата за имплементација на финансиските санкции на Обединетото Кралство рече: „Авен е истакнат руски бизнисмен и про-Кремљ олигарх“.

Авен рече дека неговиот живот се променил преку ноќ и тврди дека тоа го оставило несигурен дали може да плати за сметките. Тој има помалку од 20 дена да ја напушти Британија.

Тој има латвиски и руски пасош, како и американска виза, но сака да остане во Обединетото Кралство, каде што ја поседува и голема куќа во областа Сури.

Тајкунот го стекна своето богатство за време на распадот на Советскиот Сојуз во 1990-тите. Тој и неговиот деловен партнер Михаил Фридман започнаа банкарски гигант во Русија преку нивната фирма Алфа Груп.

Тие, исто така, направија огромни пари во готовина од инвестиции во нафта во текот на деценијата, дури и се приклучија на БП за потфат во 2003 година.

Петр Авен беше на средбата на руските олигарси со Путин кога почна инвазијата на Украина

Авен рече дека неговиот најгорд момент бил кога станал министер за надворешни економски односи под Борис Елцин.

Олигархот сака да се бори против санкциите против него, но рече дека му е тешко да најде британски адвокат кој ќе му помогне.

Тој, исто така, тврди дека не е близок со Кремљ, но дека призна дека да се прави бизнис во Русија значи да се има некаков контакт со претседателот.

Заедно со сопственикот на ФК Челзи, Роман Абрамович, тој ги искористи судовите во Велика Британија за да ја тужи издавачот и новинарката Кетрин Белтон поради нејзината книга за Путин. Тој тргна по нив поради законот за заштита на податоците и случајот беше решен.

Коментарите на Авен доаѓаат додека беснее војната во Украина.