Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ побара „итен прекин“ на војната во Украина
Руската нафтена компанија „Лукоил“ повика на прекин на војната во Украина, објави во четвртокот агенцијата Франс прес.
Компанијата во соопштението рече дека нејзиниот одбор го поддржува „итниот прекин на вооружениот конфликт и целосно го поддржува неговото решавање преку преговарачкиот процес и преку дипломатски средства“.
„Лукоил“, на чело со Вагит Алекперов, е една од најголемите компании за нафта и гас во светот и сочинува околу 2 отсто од глобалното производство. Веднаш по извештајот на АФП, веб-страницата на компанијата падна.