Руски ракетен напад врз Киев


Најмалку две лица се повредени и згради се оштетени во руски ракетен напад утринава врз Киев, главниот град на Украина, соопштија локалните власти.

Нападот предизвика пожари во делови од градот, изјави шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко.

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека најмалку две лица се повредени во нападот.

Украинските системи за противвоздушна одбрана одбиваат ракетен напад врз Киев, соопштија градските власти и претставници на воздухопловните сили. Очевидци изјавија дека слушнале повеќе експлозии по предупредувањето за ракетен напад врз градот.