Руската вакцина испитана само на 67 луѓе


Брзањето ги натера научниците да размислат за претходно незамисливи кратки патеки

Дијана Мајер, епидемиолог во Хрватскиот завод за јавно здравство (ХЗЈЗ) и водител на Одделот за следење и унапредување на здравјето на деца и млади во училишна возраст, денеска ја коментираше руската вакцина против Ковид-19, одобрена за употреба по само помалку од два месеци клинички испитувања врз луѓе.Таа нагласи дека нема научни докази дека вакцината е безбедна и делотворна.

– Руското Министерство за здравство ја одобри вакцината, но нема научни докази за вакцината. Таа не е ниту на списокот на СЗО. Според СЗО, вакцината во моментов е во првата фаза на клиничко испитување. Ваквите испитувања се состојат од четири фази, и само после третата лекот, или во овој случај вакцината, може да се регистрира за поширока употреба. Колку што знаеме, оваа вакцина ја добиле 67 лица, што е премалку за какви било заклучоци, а не пак да зборуваме за безбедност или ефикасност за нашите пациенти, рече Мајер за РТЛ телевизија.

На прашањето колку е реално таква вакцина да влезе во комерцијална употреба и дали Хрватска би се одлучила за неа, Мајер одговара дека тоа не би смеело да се случи.

– Ни случајно!, вели таа.  Во медиумите пишува дека треба да започнат со вакцинирање во октомври, што е многу рано, премногу оптимистично, нереално за мене, затоа што е добро познато колку трае тестирањето на лекот и / или вакцината. Русите, наводно, започнале клинички студии во мај. Речиси е невозможно Хрватска да биде меѓу кандидатите да ја земе вакцината до октомври. Речиси сум сигурна дека Хрватска нема да ја користи оваа вакцина, образложи експертката.

Рускиот претседател Владимир Путин, која ја соопшти веста за вакцината, кажа дека и неговата ќерка се вакцинирала. Според Мајер тоа било претерано. – Имам ќерка и сигурно не би ја вакцинирала со таа вакцина, а верувам дека и многу мои колеги тоа не би го направиле. Кога вакцината научно докажано ќе биде безбедна, делотворна…кога ќе имаме доволно научни докази, тогаш секако ќе го вакцинирам своето дете, вели епидемиологот Мајер.