Руската независна телевизија Дожд се одјави со „Лебедовото езеро“
Во еден ден два влијателни независни медиуми беа забранети од руските власти - Радиото Ехо на Москва и Телевизија Дожд
Забранетиот независен руски информативен канал ТВ Дожд се одјави во четвртокот со емитување извадок од „Лебедово езеро“, балетот на Чајковски што се емитуваше без прекин на државната телевизија за време на државниот удар во 1991 година, кој доведе до распад на Советскиот Сојуз.
Каналот за дигитални вести беше блокиран во Русија по наредба на државните обвинители и медиумскиот регулатор поради наводно ширење екстремистичка пропаганда и лаги за „специјалната воена операција“ на Русија во Украина. На медиумите им е забрането да го нарекуваат конфликтот војна или инвазија.
Главниот уредник Тихон Џјадко изјави дека тој и некои високи вработени ќе ја напуштат Русија заради своја безбедност. Радио станицата Ехо Москва, исто така, беше присилно исклучена од етерот за прв пат од 1990 година.
ААААААА @tvrain
Они реально это сделали pic.twitter.com/ykWEc7AacM— Велик (@annavellikok) March 3, 2022