Руската капсула „Сојуз“ врати на Земјата три члена од екипажот на МВС


Руската капсула „Сојуз“ безбедно слета денеска во Казахстан со тројца членови на екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС) по завршувањето на нивната мисија.

Капсулата слета на тревникот во близина на југоисточниот град Језказган, објави руската вселенска агенција Роскосмос.

Кој беше во капсулата?
Во капсулата Сојуз МС-24 беа Лорал О’Хара од САД, Марина Василевска од Белорусија и Олег Новицки од Русија. Сите тројца веднаш биле подложени на стандарден лекарски преглед.

О’Хара е на МВС од септември 2023 година. Василевска и Новицки пристигнаа на МВС, која се наоѓа во орбитата на 400 километри над Земјата, пред само 12 дена. Василевска, која работи како лет-инструктор и стјуардеса во авиокомпанијата Белавија, е првата Белорусинка која полета во вселената.

Таа и Новицки, кому тоа му беше четврта мисија на МВС, требаше да летаат до МВС два дена порано според првичниот план. Но, лансирањето беше откажано во последен момент поради технички проблеми. На враќање не се пријавени проблеми.