Русин убил тројца, па пешачел една недела за да се предаде
Еден Русин пешачел една недела за да признае тројно убиство кое го извршил под влијание на алкохол во зафрлено место на рускиот краен исток, соопштија месните власти.
Убиствата ги извршил во август, на фарма во околина на Хабаровск, соопшти руското истражно биро.
Убил маж и две жени
„Додека пиел алкохол со пријателот, мажот се судрил со него и го убил со пушка, а потоа ги застрелал и двете жени на фармата“, наведуваат истражителите.
Бидејќи местото на злосторството било далеку и немало никакво превозно средство, осомничениот една недела патувал до Охотск, каде на полицијата ѝ го признал злосторството. Мажот, чјиа возраст и идентите не се откриени, е приведен. Судијата наскоро ќе одлучи дали ќе го задржи во притвор“, додаваат истражителите.
Група полицајци го посетиле местото на злосторство, додаваат валстите, во рамки на истрагата со која треба да се утврдат околностите на настанот.
Оружени пресметки со смртен исход на пијанки уште се чести во Русија, покрај напредокот кој овие години е постигнат во борбата против алкохолизмот.