Русија вели дека можеби ќе мора да распореди нуклеарни ракети по Европа


Русија објави дека можеби ќе биде присилена да распореди нуклеарни ракети со среден домет во Европа како одговор на сличните планови на НАТО.

Заменик-министерот за надоврешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Москва ќе мора да го повлече тој потег ако НАТО не соработува на смиринување на напнатоста, пенесе Хина.

Неговите изјави дополнително ќе ги зголеми улогите во спорот меѓу Истокот и Западот во кој Русија бара безбедносни гаранции, а САД и неговите сојузници ја предупредија Москва да не ја напаѓа Украина, обвиненија кои Русија ги отфрла.

НАТО тврди дека во Евроа нема да има нови американски ракети

Нуклеарни ракети од среден домет (INF) забранети се во Европа уште од спогодбата од 1987 година меѓу советскиот челник Михаил Горбачов и американскиот претседател Роналд Реган Вашингтон излезе од спогодбрата во 2019 година, откако со години се жали дека Русија ја криши спогодбата.

Рјабков рече дека постојат „непосредни индиции“ дека НАТО планира да распореди INF, откако минатиот месец ја обнови 56. артилериска команда, која во текот на студената војна управуваче со ракетите „першинг“ кои можат да носат нуклеарни глави.

„Ако нема напредок ско политичко и дипломатско решение на овој проблем, нашиот одговор ќе биде од воена и воено-тактичка природа“, рече Рјабков.

НАТО тврди дека Европа нема да има нови американски ракети и дека руските ракети може да се пресретнат со „одмерен“ одговор кој вклучува само конвенционално оружје. Но, Рјабков истакнува дека Русија „ни малку не му верува “ на НАТО.