Русија полоша и од инквизицијата, уништила 187 милиони книги во Украина
Русија оштети или целосно уништи повеќе од 620 библиотеки во Украина од февруари 2022 година. Над 187 милиони книги од украинските библиотеки се уништени исто така од руските варвари.
Киев укажа на важноста од обновувањето на библиотеките на ослободените територии. „Напорите се насочени кон давање финансиска помош за набавка на книги и државни субвенции за дистрибутерите на издавачки производи“, наведува Министерството за култура.
Националниот центар за отпор под силите за специјални операции периодично наведува дека руските војници палат украински книги на окупираните територии и ги заменуваат со проруска пропаганда.