Русија нуди неутрален воен статус за Украина, Киев одбива
Кремљ соопшти дека го разгледува предлогот Украина да се прогласи за неутрална држава по моделот на Шведска или Австрија како „одреден компромис“. Ова денеска го соопшти прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин Дмитриј Песков.
„Ова е опција за која навистина се разговара сега и на која може да се гледа како на одреден компромис“, изјави портпаролот на Кремљ.
Австриската или шведската верзија на неутрална држава претпоставува дека земјата не се приклучува на ниту еден воен блок, одбива распоредување на странски сили и бази, но во исто време има право да има свои вооружени сили. Статусот не забранува вонблоковски воени врски: На пример, Австрија и Шведска спроведуваат заеднички вежби со земјите од НАТО.
Претходно рускиот претставник на преговорите меѓу Москва и Киев, Владимир Медински изјави дека една од клучните теми на разговорите е и прашањето за санкциите воведени против Русија по избувнувањето на непријателствата во Украина. Дмитриј Песков одби да ги коментира овие информации.
Но, членот на украинската делегација, советник на шефот на кабинетот на претседателот, Михаил Подољак, ја коментираше изјавата на Кремљ за можен компромис.
„Моделот може да биде само „украински“ и само со легално потврдени „безбедносни гаранции““, рече тој. нешто подоцна, Украина дефинитвно ги отфрли предлозите на Русија за неутрален статус споредлив со Австрија или Шведска, велејќи дека разговорите со Москва за прекин на борбите треба да се фокусираат на „безбедносните гаранции“.Киев сака да добие гаранции дека небото над територијата на Украина ќе биде затворено во случај на конфликт.
Кога Москва зборува за „неутралност“, треба да се погледне Туркменистан а да се разбере што значи тоа, а не Шведска или Австрија. Украина би престанала да постои во нејзината сегашна форма доколку се согласи на „неутралноста“ наметната од Москва, беше коментар на експерт за кризата, кој оваа најава ја нарече „навидум добра вест“.