Русија наскоро регистрира лек против Ковид-19
Руската федерална медицинско-билошка агенција ФМБА, се надева дека наскоро ќе мое да регистрира лек против корона вирусот мир-19 во 2021 година, рече денеска директорот на ФМБА Раким Хаитов.
„Ефикасноста ќе ја видиме во втората фаза. Тешко е во овој момент да се каже кога ќе биде завршено сè. Ќе направиме сè што е во наша моќ да ја завршиме втората фаза што поскоро, а постојат сите услови за тоа. Во претклиничките тестови лекот се покажа како високо ефикасен. Ќе го регистрираме подоцна, а сакаме да веруваме дека тоа ќе се случи оваа година, што поскоро“, рече Јаитов за Раша тудеј.