Русија фрлила „планина“ од касетна муниција во Украина


Додека траат дебатите дали да и се дадаткасетни бомби на Украина, на Твитер се појавија фотографии на цела „планина“ од гранати од касетна муниција, кои  неселективно паѓаа врз Украина од страна на руските сили. Според украинските извори, гранатите што се гледаат на фотографиите се само оние собрани од нападите на Харков.

САД веќе потврдија дека ќе обезбедат касетна муниција за Украина, и покрај повиците од групите за човекови права во Киев и Москва да престанат да го користат контроверзното оружје.

Касетната бомба е оружје што се распаѓа во воздухот и ослободува повеќе експлозивни подмуниции или „бомби“ на широк простор. Тие можат да бидат испорачани со авиони, артилерија и проектили. Бомбите се дизајнирани да се активираат при удар на земја и секој во таа област е многу веројатно да биде убиен или сериозно повреден. Покрај првичната штета предизвикана од муницијата при ударот, многу бомби не успеваат веднаш да се активираат. До 40% од бомбите не успеале да експлодираат во некои неодамнешни конфликти,поради што претставуваат ризик за цивилите долго по нивната употреба. Неексплодираните касетни бомби може да убијат и осакатуваат луѓе години, па дури и децении по употребата.

Руските војници користеа касетна муниција во населените области во Украина, што резултираше со смрт на голем број цивили. Украина, исто така, ги користеше во напорите да ја врати територијата окупирана од Русија. Киев ги бара касетни бомби тврдејќи дека ова оружје ќе му помогне во неговата контраофанзива со тоа што ќе им дозволи на украинските трупи да ги таргетираат вкопани руски позиции и да го надминат недостаток во воена  сила и артилерија.