Роскосмос и НАСА се согласија да управуваат со МВС до 2028 година


Руската вселенска агенција Роскосмос и НАСА се согласија да продолжат со заедничката работа на Меѓународната вселенска станица (МВС) до 2028 година, изјави денеска директорот на руската агенција Дмитриј Баканов.

Тој имаше прва лична средба со својот американски колега од 2018 година.

„Дијалогот помина добро. Се согласивме да продолжиме со работата на МВС до 2028 година. А, до 2030 година ќе работиме на нејзино отстранување од орбитата“, изјави Баканов за руски медиуми.