Роман Абрамович и двајца украински преговарачи затруени со хемиско оружје
АбрамовиМилијардерот Роман Абрамович и украинскиот мировен преговарач претрпеа симптоми конзистентни со труење претходно овој месец, според извор со директно знаење за инцидентот.
Абрамович учествуваше во неформалните мировни преговори во украинскиот главен град Киев на почетокот на март кога почна да се чувствува лошо, изјави изворот за „Гардијан“. Украинскиот пратеник Рустем Умеров исто така бил дел од преговорите, а двајцата подоцна од Украина заминале за Полска, а потоа одлетале за Истанбул каде што им била укажана лекарска помош.
„Тоа беше за време на неговото прво патување во Киев. Роман го изгубил видот неколку часа. Во Турција заедно со Рустем се лекуваа во клиника“, вели изворот.
Ова ги поткрепува тврдењата за потенцијално труење првпат објавено во „Волстрит џорнал“ и од истражувачкиот медиум „Белингкет“.
„’Белингкет’ може да потврди дека тројца членови на делегацијата што присуствуваше на мировните преговори меѓу Украина и Русија во ноќта од 3 кон 4 март 2022 година доживеале симптоми кои се во согласност со труење со хемиско оружје. Една од жртвите беше рускиот претприемач Роман Абрамович“, напиша медиумот во твит.
„Белингкет“ рече дека симптомите вклучуваат воспаление на окото и кожата, и остра болка болка во очите.
„Тројцата луѓе кои ги почувствувале симптомите консумирале само чоколадо и вода неколку часа пред да се појават симптомите. Четвртиот член од тимот кој исто така ги конзумирал не доживеал симптоми“, напиша „Белнгкет“, кој рече дека еден од нивните иследници бил замолен да даде мислење за инцидентот од специјалисти за хемиско оружје.
„Врз основа на далечински и испитувања на лице место, експертите заклучија дека симптомите најверојатно се резултат на меѓународно труење со недефинирано хемиско оружје“, рече Белингкет.
Состојбата на Абрамович се подобри и тој подоцна се врати во Киев за да учествува во уште една рунда преговори, рече изворот.
Во вторник во Истанбул треба да започне четвртата рунда преговори меѓу официјалните руски и украински делегации.
Запрашан за коментар портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски рече: „Во моментов има многу шпекулации и препорачуваме да се следат само официјалните информации“.