Роднини побегнале од затвор во Рим, оставиле порака – „брзо се враќаме“
Двајца затвореници во Италија успеале да побегнат од затвор во Рим, но зад себе оставиле порака во која ветуваат дека брзо ќе се вратат штом ги решат семејните проблеми.
Набрзо се уапсени во Тоскана, објави министерството за правосудство.
Роднините Давад Зукановиќ и Лил Ахметовиќ побегнале откако ги пресекле решетките на прозорецот на својата затворска ќелија, се спуштиле по противпожарни црева во дворот, јавија италијанските медиуми.
Објасниле дека децата им се во опасност поради препродавање дрога и мора да ги заштитат. Тие се осудени за затајување и измама, а од затвор треба да бидат пуштени во 2029 година, но во своето писмо на чуварите им ветиле дека ќе се вратат што поскоро.