Род Стјуарт позираше со седум од осумте деца на ретка фотографија во Шпанија


Легендарната поп-ѕвезда Род Стјуарт, кој е среде светска турнеја, уживаше со своето семејство во Шпанија.

На неодамнешната слика, која сопругата на Стјуарт, Пени Ланкастер ја сподели на Инстаграм, 78-годишниот пејач позира со седум од неговите осум деца и три од неговите внуци.

„Го славиме тоа што сме заедно“, ја напишала својата објава Ланкастер (52).

Стјуарт и Ланкастер, модел, се родители на синовите Аластер (17) и Ејден (12). Тој ги дели Кимберли (43) и Шон (42) со поранешната сопруга Алана Стјуарт (78), додека Рене (31) и Лиам (28) се од бракот со Рејчел Хантер (53). Добитникот на Греми е и татко на Руби (36) , со поранешната партнерка Кели Емберг (64).

Ќерката на Стјуарт, Сара Стритер (59) не беше на фотографијата. Стритер, која е родена кога Стјуарт имал 17 години, била одгледана од посвоители, а подоцна повторно се поврзала со нејзиниот славен татко.

„Морам да бидам различен татко поради различните возрасни групи на моите деца“, изјави Стјуарт за People во 2021 година. „Навистина мора да ги третирате сите како поединци со индивидуални проблеми“.

Британската рок легенда додаде дека неколку од неговите деца „поминале низ нивниот лош период на премногу пиење и дрогирање“. Шон се појави на „Celebrity Rehab“ на VH1 во 2008 година, додека Сара јавно се отвори за нејзината мината борба со злоупотреба на супстанции.

„Но, сите ги надминаа проблемите“, рече Стјуарт. „Како татко, научив да слушам, а не да попувам“.

Стјуарт и Ланкастер ја прославија 16-годишнината од бракот во јуни. На Ланкастер, која ја нарекува својот „дијамант“, ѝ ја припишува заслугата за организирањето на семејните одмори и за тоа што се погрижил сите да останат во контакт и покрај нивните зафатени распореди.

„Таа е само најдобра… Не можам да кажам доволно за неа“, изјави Стјуарт за време на гостувањето во британското ток-шоу „Лорен.

Ѕвездата е позната што за свои девојки и сопруги бира исклучиво русокоси со долги нозе.