Робови на Путинлeнд


Ставањето на деловните интереси над сè друго е на крајот деструктивен и краткорочен пристап.
На Украинците – и на остатокот од светот – им стана сè појасно дека рускиот напад не е само војна за границите и градовите, туку за бришење на цела една нација  од мапата. Решеноста на Украинците да возвратат и да ја бранат својата земја порасна. За многумина, животот како роб во царскиота Путиленд не би вредел да се живее.

Тоа разбирање исто така го разбуди Западот од неговиот сон по Студената војна. Тоа доведе до остри санкции против Русија и до значителни испораки на оружје за Украина; Минатата недела, на пример, САД ветија 50 милиони парчиња муниција како дел од пакетот сега вреден околу 3 милијарди долари.

А сепак, се уште не се преземени најстрогите мерки против Русија. Откако започна руската офанзива против Украина, земјите од Европската унија (ЕУ) уплатија повеќе од 35 милијарди евра (37,8 милијарди долари) во касата на Путин. Војната е многу скапа работа, особено кога ја управуваат воено неспособни, а Русија ја чини многу големи суми. Од друга страна, цената платена за нејзиниот извоз на гас и нафта нагло се зголеми, а тоа ја поттикнува руската машина на угнетување, агресија и сега, на геноцид.

Причината за ова двоумење е што една членка на ЕУ, Германија, се противи на ембаргото за увоз на нафта и гас, тврдејќи дека тоа повеќе ќе и наштети на германската економија отколку на Русија.  Вистина е дека и Унгарија се противи на дополнителни енергетски санкции  и дека сега само се разговара за забрана за увоз на нафта и гас. Германија првично посочи дека било каква акција е неверојатна.

Зошто? Со оглед на историјата на Германија и нејзиното ветување „Никогаш повеќе“ за поддршка на експанзионистичка војна или злосторства против човештвото, нејзините сегашни приговори за санкции кон Русија се особено збунувачки. Дали можноста за германска економска стагнација е поважна од украинската крв, многумина прашуваат?

Добитникот на Нобеловата награда и левичарски американски економист и колумнист на Њујорк Тајмс, Пол Кругман отиде дотаму што изјави дека „ одбивањето да се запре протокот на руски гас ја прави Германија де факто соучесник во масовните убиства и можеби тоа сознание  конечно ќе биде доволно за да поттикне вистинска акција“.

Од гледна точка на Швеѓанец кој живее во Украина, се чини неверојатно дека една демократска Германија може на крајот да заземе позиции кои ѝ користат на Русија. Што може да ја натера Германија да ја промени својата позиција? Гледам неколку причини зад неподготвеноста на Германија да дејствува за да помогне да се стави крај на војната во Украина:

По Втората светска војна, Германија беше под американски безбедносен чадор што дозволи нејзиниот национален безбедносен апарат да атрофира додека нејзината надворешна политика беше доминирана од економски интереси. Тоа продолжува и сè уште преовладува над стратешките и хуманитарните политики. Тоа што Германија беше разгалена од САД по Втората светска војна, исто така, можеше да создаде менталитет каде што сите економски жртви се сфаќаат како загуби за Германија, дури и ако тие може да ѝ користат на земјата долгорочно.

По рускиот напад врз Германија на крајот на Втората светска војна и суровата окупација што следеше, е вкоренет речиси ирационален страв од конфронтација со Русија, често оправдувана со  нацистичките злосторства врз рускиот народ.

Германија има проблем исто така со корупцијата. Прифаќањето од страна на поранешниот канцелар Герхард Шредер на профитабилни зделки со руските државни енергетски фирми и мачниот личен однос со Путин би требало да бидат доволни за да го направат париах во неговата земја. Но, тоа не беше доволно.

Кукавичлук. Германските лидери, кои постојано се фокусираат на дипломатијата и економските размислувања, развиваат политичка клима која е против подготвеноста да се преземат тешки одлуки кои чинат пари, работни места, а можеби и животи.

Се плашам дека може да има и подлабок цинизам зад неподготвеноста на Германија да се соочи со Русија. Според украинскиот амбасадор во Берлин, германските власти едноставно не веруваат дека Украина ќе може да ја совлада огромната тенковска војска на Путин. А оние кои сметаа дека војната ќе биде кратка и ќе заврши со победа на Русија, можеби исто така оцениле дека војната ќе биде проследена со мир и со деловни договори. Многу е полесно да се направи тоа без лузните што би ги создало ембаргото за нафта и гас. Врската што е заладена може повторно да се загрее, но врската што е прекината тешко е да се рекреира.

Да се ​​надеваме дека тоа не е така, дека ужасите на Мариупол и Буха ќе ја потсетат германската политичка класа дека економскиот просперитет е само една грижа за одговорниот политичар. Првото внимание за секоја влада е безбедноста на нејзиниот народ. Стратешките интереси и човековите права можеби се скапи, но тие се и камен-темелник за демократските држави. Без нив, се друго се распаѓа. (ЦЕПА)