Роботот ќе пребарува во запалени објекти за да најде луѓе – побрз е од пожарникарите
Борбата со пожари и спасувањето на луѓето од овие ситуации е секогаш опасна задача, без разлика дали се работи за палење згради или шумски пожари. Сепак, пожарникарите добиваат вредна помош.
Одредени компании и тимови од научници работат на развој на роботи кои ќе можат да пребаруваат запалени згради пред да влезат пожарникарите, а меѓу овие роботи е и FireBot.
Станува збор за робот со далечински управувач кој може да издржи температури до 650 степени и може да работи до четири часа непрекинато. Дизајниран е во форма на кутија и се движи со помош на „гасеници“, а исто така може да надмине различни пречки. Роботот користи безжична технологија MIMO која му овозможува да испраќа податоци до приемник оддалечен до 1,5 километар. На овој начин, може безбедно да се истражи запалениот објект додека се контролира роботот со џојстикот и се гледа екранот.
FireBot има сензори кои вклучуваат HD оптички и термални камери, како и различни механизми за откривање опасни гасови. Покрај тоа, може да открие и присуство на јаглерод моноксид и водород цијанид, два од најсмртоносните испарувања кои дури можат да убијат луѓе. Роботот се движи двојно побрзо од пожарникар кој носи костум и целосна опрема.
FireBot се очекува да се продава по цена од 90.000 долари кога ќе започне да се продава подоцна оваа година.